Печати

Мисија и цели

Ако го анализираме секојдневниот живот на децата и младите за брзо време ќе ги откриеме сите аномалии кои ги носи современиот начин на живеење. Недостатоците на ваквиот начин на живот најмногу ги чувствуваат токму најмладите, па токму затоа сметаме дека вонучилишната едукација е вистинскиот избор за секој родител.

Едукацијата за деца од 4-6 години, проект за правилен развој на најмладите на “Медиа Арт Студио”, претставува склоп од повеќе работилници, а курсевите по англиски и македонски јазик и книжевност имаат за цел да го прошират знаењето на учениците до 18 години.

Целта на оваа настава е да им се помогне на младите да го изберат вистинскиот пат преку континуирана едукација и забава во исто време. Ние сме тука на забавен и едукативен начин да им ја покажеме практичноста на нештата кои веќе ги имаат научено на училиште и да им ја разбудиме љубопитноста за новото и непознатото. Тие ќе стекнат здрави навики и способности кои секојдневно ќе им бидат од корист, а при тоа нема да бидат форсирани од страна на наставникот туку самите ќе го одредат темпото на учење.

Планирани резултати
Детето да го подобри своето знаење и своите резултати на училиште, да научи работи кои нема можност да ги научи на училиште, да стекне здрави навики и способности кои ќе може секојдневно да ги применува, да разликува добри од лоши работи, да ги почитува луѓето и предметите околу себе, да знае како да се снаоѓа во животните ситуации, вешто да ги избегнува пороците кои му се закануваат буквално на секој чекор и да порасне во здрава, среќна и созреана личност.

Мисија
Нашата мисија е времето поминато надвор од училиште да го претвориме во забава и активно учење со кое децата и младите ќе бидат спремни да се соочат со предизвиците на животот. Во сето тоа им помагаат учители кои ги учат, инспирираат и мотивираат децата со различни динамични активности, а во исто време се поврзуваат со децата на пријателски начин помагајќи им во секоја ситуација. Сметаме дека вонучилишните активности се витални во развивањето на децата во здрави, способни и зрели индивидуи и граѓани на општеството.