Детски едукативен центар за англиски јазик

МЕДИА АРТ СТУДИО

 
Click on the slide!

Англиски јазик за деца од предучилишна возраст

‎"Медиа Арт Студио" организира пет месечна (фебруари-јуни 2012) школа за англиски јазик за деца од предучилишна возраст (4-6 години) која освен наставата од различни области, опфаќа и целодневна грижа за вашите најмили (7.30-16.30)

Click on the slide!

Индивидуални часови по англиски јазик за деца од 8-14 години

Часовите се одвиваат два пати неделно по два часа. Првиот од двата часа е наменет за класичниот курс каде се учи според учебник соодветен на нивото на знаење на ученикот (курс за кој ученикот на крајот на степенот ќе добие диплома), а на вториот час се поминува материјалот по англиски јазик од училиште.

Click on the slide!

Курсеви по англиски јазик за деца од 4-14 години

* англиски јазик за деца и тинејџери од 4-14 години * напредна едукативна програма * мали групи до 6 слушатели * 2 пати неделно по 2 часа * екстра материјали за слушање и гледање дома * интерактивни часови * гарантиран успех при совладувањето на англискиот јазик

Уписи во тек!!! | За нас | Локација | Контакт


"Медиа Арт Студио" е едукативен центар за англиски јазик специјализиран за деца од 4-14 години. Преку неформално образование и современи едукативни методи на учење го приближуваме англискиот јазик до децата колку што е можно повеќе. Главната цел на нашето училиште е децата да го научат англискиот јазик на ниво на мајчиниот јазик. Предавањата не се задржуваат само на учебниците, туку преку нив целиме и кон создавање на деца со здрави животни навики, деца кои ќе го ценат знаењето и ќе научат самите да си ги извршуваат училишните обврски, да бидат способни да се грижат за себе и за другите, да стекнат искуства и вештини и да бидат индивидуалци во групни средини. Да бидат мотивирани и инспирирани за нови предизвици, подготвени да превземат одговорност и да чекорат по вистинскиот пат. За таа цел организираме:

Mmenu

УПИСИ ВО ТЕК!!!

ЛЕТНА ШКОЛА 2012

Лето исполнето со забава, дружење и интересни активности за вашите најмили!!! "Медиа Арт Студио" за ова лето ви нуди комбинација на курсеви за поинтересен, поисполнет и позабавен летен распуст.

Школата трае цел јуни, а курсевите се однесуваат на деца од 4-10 години. Тие ќе посетуваат комбинација на курс по англиски јазик и курс по креативност и уметност. Часовите ќе се одржуваат два пати неделно по 150 минути од кои 60 минути ќе имаат англиски, 60 минути ќе имаат курс по креативност и 30 минути слободни активности. Цената на школата е 3000 денари, а уписите траат до 1 јуни.


ШКОЛА ЗА АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА ДЕЦА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ (4-6 години)

‎"Медиа Арт Студио" организира пет месечна (фебруари-јуни) школа за англиски јазик за деца од предучилишна возраст (4-6 години) која освен наставата од различни области, опфаќа и целодневна грижа за вашите најмили (7.30-16.30). Наставата опфаќа курс по англиски јазик (4 пати по 40 мин.), правилен изговор, раскажување приказни, развивање на логика, часови по креативност, пилатес, стекнување здрави навики, добро однесување и развивање на комуникативноста. Цената на школата е 5000 денари/месечно.

Аплицирајте директно на нашата веб страница или на маил адресата contact@mediaart.mk

Повеќе информации на тел. (02) 5298-545 | 078/369-246


Созревање

Стекнување на здрави навики и животни вештини

Комуникација

Одлично место за забава и дружење

Едукација

Некои работи не се учат на училиште

Home : Дома

ЕДУКАЦИЈА ЗА НАЈМЛАДИТЕ

 

Наместо во градинка или забавиште, можете да го згрижите вашето дете во нашиот едукативен центар. Нудиме целодневна грижа (8.00-17.00) и едукација од различни области на англиски јазик. Наставата опфаќа часови по англиски јазик (4 пати по 40 мин.), правилен изговор, раскажување приказни, развивање на логика, часови по креативност, пилатес, стекнување здрави навики, добро однесување и развивање на комуникативноста.

Времето на оставање и земање на децата е флексибилно односно го оставате и земате кога сакате во периодот од 8.00-17.00. За разлика од градинките не нудиме течна храна туку само запакувана ужинка. Главниот оброк децата си го носат од дома. Сконцентрирани сме пред се на едукација на децата, па токму затоа се работи во мали групи со цел секое дете да го добие потребното внимание, грижа и да научи колку што е можно повеќе.

Повеќе...

ФИЛМОТ КАКО ЕДУКАТИВЕН МЕТОД

Следејќи ги најновите трендови во образованието на светско ниво, едукацијата во нашето училиште се изведува на повеќе нивоа, спојувајќи ги книгата, филмот и компјутерот.

Часовите по англиски јазик во голем дел се поткрепени со разни едукативни видеа и практични животни ситуации. Децата од предучилишна возраст еднаш неделно гледаат многу внимателно одбран филм, прилагоден на нивната возраст, за кој подоцна дискутираат (теми, идеи, ликови, ситуации, морални пораки и заклучоци). Корелацијата меѓу наставните предмети и англискиот јазик е многу важна па често деталите во врска со филмот и впечатоците се искористуваат и анализираат во корелација со разните области кои се обработуваат. На часовите по англиски јазик учениците учат зборови и фрази поврзани со филмот, учат реплики и песни од филмот и разговараат за теми поврзани со веќе изгледаниот филм.

Повеќе...

КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ

Работилницата за креативно пишување ќе ги запознае учениците со процесот на пишување и создавање приказни, како и процесот на креативно и компаративно читање. Ученикот ќе се запознае со различните типови на приказни (авантуристичка, реалистична, историска, фантастична, детективска) и деловите од приказната (заплет, ликови, место и време на настаните, опишување настани). Учениците ќе пишуваат различни типови текстови, индивидуални и групни, наменски текстови, текстови засновани на веќе прочитани книжевни дела, филмови или животни ситуации.

И уште многу други работилници...

КУРСЕВИ ПО АНГЛИСКИ

Истражувањата покажуваат дека учениците кои од мала возраст учат странски јазик многу побрзо го научуваат и подобро се снаоѓаат во изучување на дополнителни јазици понатаму во животот. Освен курсевите по англиски јазик соодветни за учениците од основно и средно образование, во училиштето се организираат и курсеви за предучилишна возраст наменети за деца од 4-6 години.

Повеќе...

Media Art's Afterschool Program